Contact Us +389 72 213 394        

Како до ортопедско помагалo

Проблем со вашето ортопедско помагало?

Обратете се во новоотворениот ортопедски центар ОРТОПРО ЕТЕР, консултацијата и советите се бесплатни. 

Ви претставуваме  чекорите до најкраткиот пат како да стигнете до вашето ортопедско помагало на товар на Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија (ФЗО)Осигуреното лице правото на ортопедски и други помагала на товар на (ФЗО) ги остварува според индикациите утврдени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала (сл.весник бр.33 од 17.03.2011),а тоа се: медицинската дијагноза, возраст на осигуреното лице за одредени видови помагала, станбено комунални и други услови кои се од значење за користење и правилна примена на одредени видови помагала. 
Потврдата за ортопедско помагало може да издаде лекар специјалист од соодветна специјалност (наведени во шифрарникот на помагала објавени од страна на ФЗО на Р.Македонија (сл.весник бр.33 од 17.03.2011)) или избран лекар само од здравствена установа која има склучено договор со Фондот.

ОРТОПРО ЕТЕР доо   има договор со Фондот за здравствено осигурвање на Р.Македонија.

Основна дејност во работењето на ОРТОПРО ЕТЕР доо е програмата за ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА. Желбата, целта и основното движечко мото на ОРТОПРО ЕТЕР доо  е да понуди квалитетни помагала кој ќе им го олеснат секојдневието, и ќе им обезбедат полесен, поквалитетен и независен живот на лицата со посебни потреби.

"Лицата со инвалидитет имаат право да бидат опслужени од страна на квалификувани професионалци за рехабилитација".